Refund Policy
Потрошувачот има правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:
- производот не бил употребуван;
- сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
- при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
При поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот Потрошувачот може да го реализира во продажниот салон на Автоелемент Доо
Наведената Политика за замена, односно враќање на производ на барање на потрошувач се применува во Автоелемент Доо продажниот салон. За сите производи важи и се применува правилото за замена односно враќање на производ на барање на потрошувач во рок од 15 дена сметано од денот кога производот е купен.